недела, 20 октомври 2024

Гевгелија беше домаќин на Панкс Бекјард Ултра, трка на издржливост која првпат се одржа во Македонија

Негорци беше првиот домаќин на Панкс Бекјард Ултра трката на издржливост која го имаше своето деби издание во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за уникатен концепт на атлетска трка која е вистински тест за физичката подготовка и менталната цврстина на натпреварувачите, дел од нив трчаа и повеќе од 100 километри.

Учесниците трчаат кругови. Кругот е во должина од 6,7 километри и предвидено е да се заврши за 42 до 46 минути. Преостанатото време до еден час е предвидено за одмор. На секој час почнува нов круг. Победник е оној кој последен ќе се откаже.

Трката почна во сабота од 10 часот, а траеше до длабоко во ноќта. Најдобар беше Жикица Ивановски кој истрча 18 кругови, односно должина од 120 километри.

Најдобра меѓу дамите и втора меѓу сите натпреварувачи беше Радмила Јованова која истрча 17 кругови односно 114 километри.

s

Влатко Семенаков, Алек Апостоловски, Ивана Ценериќ и Катерина Шиповиќ истрчаа по 16 кругови.

На трката беа пријавени повеќе од 60 натпреварувачи. Покрај ултрамаратонците од Македонија, имаше пријавено учесници и од Србија, Словачка, Грција, Косово, Украина и Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ