сабота, 23 ноември 2024

Германските синдикати постигнаа договор за платите во јавниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

Околу 2,5 милиони вработени во јавните служби од јуни ќе добијат 3.000 евра исплати поради високата инфлација. Од март 2024 година платите ќе пораснат за уште најмалку 340 евра. Договорот во голема мера ја следеше арбитражната препорака објавена пред една недела. Договорот е на 24 месеци.

Ова е можеби крајот барем на повеќето од повремените штрајкови кои ја парализираа Германија во последните месеци. Наизменично, градските администрации, базените, комуналните претпријатија, детските градинки, аеродромите, градскиот превоз или одржувањето на автопатот не функционираа.

Како што рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, постигнат е „добар и праведен“ договор.

„Треба да привлечеме повеќе квалификувана работна сила. Затоа ми е важно јавниот сервис да биде поатрактивен работодавач“, изјави социјалдемократската министерка Фезер.

Се проценува дека договорот ќе го чини државниот буџет близу пет милијарди евра за две години, додека градовите и општините вкупно ќе одвојат околу три пати повеќе.

Со околу дваесет милијарди евра повеќе, ова е една од најголемите суми што синдикатите некогаш ги освоиле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ