недела, 20 октомври 2024

Германскиот претседател во Доха речиси половина час чекал на аеродром некој да го прими (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На снимката од пречекот се гледа црвен тепих, воена почесна стража, Штајнмаер на вратата на авионот и германскиот амбасадор во Катар Лотар Фрајшладер. Единствениот проблем е што ниеден катарски функционер не дошол да го пречека германскиот претседател.

Авионот ербас А35 на Бундесверот слетал на пистата пред договорениот термин па Штајнмаер чекал на сонце речиси половина час пред да го прими Султан ал Мурачаи, катарскиот министер за надворешни работи.

И покрај чекањето, Штајнмаер заминал од аеродромот на време за својата средба со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Во авионот со Штајнмаер била и новинарката на Дојче веле Розалија Романиек. Таа прашува дали е направена грешка со планирањето или катарските власти го заладиле својот однос кон Германија откако Штајнмаер во Израел минал три дена, две ноќи во Оман, и само три часа во Доха.

Во Германија влијанието на Доха на војната на Израел против Хамас се смета за контроверзно бидејќи во Катар се наоѓаат лидерите на политичкото крило на Хамас. Неодамна германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предизвика гнев во Доха со своите изјави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ