Писториус, кој ја презеде функцијата министер за одбрана пред една година, изјави дека воените експерти сметаат дека таков напад не е веројатен сега, туку за „пет до осум години“. Тој ја повтори својата желба да ги подготви германските воени сили за можен воен конфликт.
„Сакам да го размрдам општеството и да укажам дека треба да го подготвиме Бундесверот“, изјави Писториус. Тој рече дека сегашниот план за штедење на федералната социјалдемократско-зелено-либерална влада не треба да влијае на планот за модернизација на Бундесверот.
„Со оглед на сегашното ниво на опасност, мора итно да го подигнеме нивото на одбранбена готовност на нашите воени сили“, рече Писториус. Тој ја објасни потребата од дополнителна помош за Украина. „На сите мора да им биде јасно дека ако Путин победи во оваа војна, тоа ги зголемува опасностите и за Германија“, заклучи германскиот министер за одбрана.