петок, 22 ноември 2024

Германски весник: „Новата политичка елита на Балканот – мали плати, многу корупција“

Официјалната плата на претседателот на Србија Александар Вучиќ го прави беден како глушец, пишува Ноје Ознабрукер цајтунг. Но, вистината е дека новата елита на Србија се богати од корупцијата, што често го покажува со скапата облека, пренесува Дојче веле.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Премиерите, министрите и пратениците на Балканот спаѓаат во најбедно платените луѓе на такви позиции во Европа. „Но сепак нивните работни места често се покажуваат како шокантно исплатливи – и за нивните семејства“, пишува германскиот весник, истакнувајќи дека тоа е така благодарение на корупцијата.

Во текстот на дописникот од Белград Томас Розер се наведува дека, на пример, германскиот претседател вкупно добива 24.500 евра бруто. Во споредба со тоа, политичарите на Балканот се сиромаштија – српскиот претседател Александар Вучиќ, наведува весникот, заработува 1.450 евра нето. Неговиот црногорски колега Јаков Милатовиќ заработува околу петстотини евра повеќе.

Пишувајќи за Вучиќ, весникот наведува: „И имотот, кој тој љубител на по мерка скроени одела и благородни вина официјално го пријавува, се сведува на скромен стан од 30 квадрати и го чини навидум најсиромашен претседател на Балканот“.

Истакнува дека опозицијата сепак го гледа Вучиќ како најбогат човек во Србија. „Навистина, особено ниските плати на политичарите и во Србија одат со особено расцветана корупција. Дури и скромно платените функции, поради моќта која ја носат, се покажуваат како шокантно исплатливи – па дури и за семејствата и за партиските пријатели“, се наведува.

Како што наведува новинарот Розер, државните тендери одат кај „добродетелите“ на владејачката партија, а за клиентите се чуваат подобро платените работи во управите на јавните претпријатија. „Бидејќи благодарницата што им е овозможен пристап до ќупот со богатство се враќа назад во црната партиска благајна и приватните џебови“.

Весникот оценува дека балканската „политичка елита“ за секој случај често имотот го впишува на име на брачните партнери, браќата, сестрите и децата, ни сепак „од време на време демонстрира погрешно скапа престижна гардероба“.

Розер го наведува примерот на повеќе маркирани чанти (од Диор, Шанел…) кои ги носи медиумската советничка на претседателот на Србија, пренесувајќи ги тврдењата на српските медиуми дека чинат и над 20.000 евра. „Тоа е речиси двојно повеќе од нејзината годишна плата“, се заклучува во текстот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ