петок, 18 октомври 2024

Германски Фокус: Шолц е германскиот Бајден

Политичките кариери на Олаф Шолц и Џо Бајден го следат истиот надолен пат, а нивните политички ѕвезди бледнеат. Обата политичари веќе не можат да ја добијат довербата на гласачите. Исто како Бајден, Шолц направи грешка кога претпостави дека може да победи со демонизирање на својот противник како „заканата од десницата“. Но во реалноста, луѓето повеќе се загрижени за економската ситуација отколку за политичкото етикетирање, смета колумнистот на германски Фокус, Габор Штајнгарт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џо Бајден и Олаф Шолц се под политички притисок, обајцата се на надолен пат. Додека Бајден веќе падна во немилост, Шолц и неговата СПД се само „на истиот пат“. Овие двајца политичари се различни личности и имаат различни кариери, но подеднакво се отуѓија од гласачите.

Како што со Бајден во последно време не беше можно да се постигне ништо, така и со германскиот канцелар не може да се очекува победа на сојузните избори во 2025 година.

Ниту Бајден ниту Шолц не успеаја да ја добијат довербата на граѓаните за време на кризата. Олаф Шолц не се бори со ментални проблеми, како Бајден, туку со политички предизвици. Неговата меморија функционира, но неговиот политички стил не.

„Тој не ја губи наративната нишка, но ги губи сите избори. Во Хесен СПД доби само 15 отсто од гласовите, а на изборите за Европскиот парламент уште пониски 13,9 отсто. Ова е најлошиот резултат на изборите одржани на ниво на цела држава. На претстојните избори во Саксонија и Тирингија се предвидува дека СПД ќе освои само 7 отсто, а во Бранденбург 19 отсто.“

А неговата партија губи и членови. Во декември 2023 година СПД имаше 365.190 члена, додека под Герхард Шредер во 1998 година имаше повеќе од 750.000 члена.

Друг проблем за Шолц е „борбата против десницата“. Штајнгарт објаснува дека угнетувањето на АфД, како и демонизацијата на Трамп, не било во корист на Шолц, туку на неговиот противник. Повеќето Германци повеќе се плашат од економска рецесија отколку од Бјорн Хеке. Шолц и генералниот секретар на СПД Кинерт го поддржаа „погрешниот коњ“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ