петок, 18 октомври 2024

Германката Алтхаус нема дилеми, вечерва со цело срце ќе навива за Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го продолжува настапот на Европското првенство, од 20:30 часот во Берлин играме против домашната селекција на Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешната ракометарка на Вардар, Ања Алтхаус сега работи во машката македонска репрезентација како медиа менаџер, таа е задолжена за комуникација со медиумите.

За германскиот весник „Билд“, Алтхаус вели дека иако е Германка, горда е што е дел од македонската репрезентација и вечерва нема дилеми за кој ќе навива.

„Навистина е посебно да се биде од македонската страна и да се игра против Германија. Се разбира, како член на македонската репрезентација, 100 проценти ќе навивам за Македонија“, вели Алтхаус.

Таа е во врска со еден од репрезентативците, Томислав Јагуриновски.

„Се однесуваме многу професионално. Сите знаат дека со Томи веќе подолг период сме во врска“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ