Во соопштението на министерството се наведува дека претресот на имотот на списанието, како и на домовите на неговите водечки личности, раководството и водечките акционери во Бранденбург, Хесен, Саксонија и Саксонија-Анхалт, биле насочени кон запленување на имот и други докази.
„Тоа е централен билтен на десничарската екстремистичка сцена. Ова списание промовира омраза кон Евреите, луѓето со миграциска историја и нашата парламентарна демократија на неискажлив начин“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, пренесе Ројтерс.
Забраната, која се однесува и на подружницата на Компакт, Конспект филм, забранува какво било продолжување на претходните активности.
Главниот уредник на Компакт Јурген Елсасер не одговори веднаш на барањето за коментар преку е-пошта.
Месечникот, со тираж од 40.000 примероци и широко распространет на социјалните мрежи, го шири концептот на општество кое настојува да прикаже одредени етнички групи како граѓани од втор ред и да создаде клима на маргинализација, велат од министерството.