недела, 27 октомври 2024

Германија: Стапува на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис (ВИДЕО)

Во Германија денеска стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето и домашното одгледување канабис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од денеска, според законот, секој на возраст од 18 и повеќе години може да носи до 25 грама сушен канабис надвор, може да чува до 50 грама дома и може да одгледува до 3 растенија канабис дома.

Пушењето трева е дозволено онаму каде што не е изрично забрането. Забрането е на игралишта, во училишта, спортски објекти, вклучително фудбалски стадиони, објекти за деца и млади и на 100 метри од влезот во овие објекти.

Конзумирањето на канабис од страна на лица помлади од 18 години е сè уште нелегално.

Толпа радосни луѓе собрани пред Бранденбуршката порта запалија џоинт веднаш по полноќ за да го поздрават стапувањето во сила на новиот германски закон за декриминализирање на канабисот.

Неколку стотици видно весели луѓе, од кои многумина танцуваа на звуците на реге музиката, чекаа со високо кренати запалки за да го запалат џоинтот штом часовникот отчука полноќ. Огромен лист марихуана ја красеше бината пред знаменитоста во Берлин.

„Конечно можеме да се покажеме. Не треба повеќе да се криеме“, рече Хенри Плотке, член на Германското здружение за коноп (ДХВ). За него новиот закон е „олеснување“ бидејќи повеќе не се смета за криминалец.

Пушењето канабис на многу јавни места станува легално од 1 април.

Во Германија со години беснее жестока дебата за декриминализацијата на канабисот. Групи доктори изразуваа загриженост за младите, а конзервативните политичари велат дека либерализацијата дополнително ќе ја поттикне употребата на дрога.

Симоне Борчард од опозициската конзервативна ЦДУ изјави пред Бундестагот дека владата инсистира на својот „целосно непотребен, збунувачки закон“ и покрај предупредувањата од лекарите, полицијата и психотерапевтите.

Но, министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека сегашната ситуација повеќе не е одржлива бидејќи бројот на потрошувачи на возраст меѓу 18 и 25 години е двојно зголемен во последните 10 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ