вторник, 22 октомври 2024

Германија прави планови да ги депортира криминалците назад во Авганистан и Сирија

Германија планира да депортира криминалци од земји како Авганистан и Сирија во нивните земји на потекло и води преговори со неколку земји за да овозможи спроведување на овој план, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократска партија на Германија).

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе водиме разговори зад затворени врати со различни земји за тоа како да се олесни повторната депортација во Авганистан“, изјави Фезер за „Ноје оснабрикер цајтунг“. Таа пред состанокот на министрите за внатрешни работи на сојузните покраини, кој започнува денес, рече дека треба да се најдат начини на кои федералната полиција може да помогне во протерувањето на „опасни исламисти и криминалци“ во Авганистан.

Според германските медиуми, министерството за внатрешни работи во моментов разговара со соседните земји Авганистан и Сирија, а пред се се споменува Узбекистан. Министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Михаел Штубген (Христијанско-демократската унија ЦДУ) рече дека треба да се искористат контактите со талибанскиот режим во Авганистан за да се овозможи протерување на криминалците.

„Германија сè уште испраќа над 400 милиони евра развојна помош за Авганистан годишно. Мислам дека треба да ги искористиме овие контакти“, рече Штубген. Тој посочи дека е подобрена и безбедносната ситуација во Сирија, така што треба да се разгледа можноста за депортирање на криминалци и во таа земја.

Министерката за внатрешни работи на Саксонија-Анхалт, Тамара Зишанг, ја критикуваше федералната влада дека не прави доволно на директните преговори со земјите кои се важни за протерување на луѓето на кои им е одбиен политичкиот азил, наведувајќи ги Египет, Брегот на Слоновата Коска и Гамбија.

За повторнио протерување во Авганистан и Сирија е и баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман, кој веднаш би ги протерал оние што ќе „го злоупотребат германското гостопримство“ во земјите од каде што потекнуваат.

Обновената дебата за депортација во Авганистан, која беше прекината откако Талибанците дојдоа на власт, се разгоре откако Авганистанец со исламистичко потекло нападна политички митинг во Манхајм и избоде полицаец до смрт кон крајот на мај.

Пред неколку дена брачна двојка од Авганистан беше осомничена дека ја убила својата 15-годишна ќерка бидејќи, како што пренесуваат германските медиуми, „се однесувала премногу западно“. Здруженијата за заштита на човековите права најавија протести за попладне во Потсдам, каде се одржува конференција на германските министри за внатрешни работи, обвинувајќи ја политиката за спроведување „расистичка“ политика за бегалците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ