петок, 1 ноември 2024

Германија испраќа 4.000 војници во Литванија за да го зајакне источното крило на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Германија е подготвена трајно да стационира силна бригада во Литванија“, рече Писториус во Вилнус, главниот град на Литванија. Неопходно е да се изградат капацитети за сместување на војниците, изјави германскиот министер за одбрана.

Литванија повеќе пати ја повика Германија да распореди борбени сили во земјата, која се граничи со руската енклава Калининград. Германија во јуни минатата година вети дека ќе има бригада целосно подготвена да ја брани Литванија во случај на напад.

Но Берлин досега се противеше на трајно стационирање на поголем дел од бригадата во Литванија, инсистирајќи дека војниците може брзо да бидат распоредени од базите во Германија.

Во малиот град Рукли во Литванија моментално се наоѓа само командното место на бригадата со околу 20 германски војници. Останатите остануваат на различни локации во Германија. Други германски сили се во Литванија како дел од борбената група на НАТО предводена од Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ