петок, 18 октомври 2024

Германија го собори рекордот во извоз на оружје

Германската влада и оваа година го собори рекордот за извоз на оружје со одобрување на продажба во вредност од најмалку 11,71 милијарди евра, покажуваат официјалните податоци. Досегашниот рекорд од 9,35 милијарди евра од 2021 година е надминат веќе во средината на декември, за 25 отсто, покажуваат податоците што ги објави Министерството за економија на барање на парламентот.

Објавено на

часот

Сподели

Во споредба со минатата година, износот е поголем за 40 отсто, што ја одразува двојно поголемата вредност на испораките во Украина од дури 4,15 милијарди евра. Речиси 90 отсто од извезеното оружје и воена опрема оваа година биле испорачани во други членки на ЕУ и НАТО, Украина и земји како Јапонија, Австралија и Јужна Кореја.

Владата даде зелено светло и за извоз во вредност од 1,18 милијарди евра на група трети земји како Израел, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Испораките во Израел годинава се зголемија за десет пати и достигнаа 323,2 милиони евра. Владата издаде најголем дел од над 200 извозни дозволи по упадот на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври на израелска територија, забележува дпа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ