Тој сподели изјава од Вагнер на Телеграм во која се вели: „Путин направи погрешен избор. Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“.
Wagner PMC Telegram channel:
“Putin made the wrong choice. All the worse for him. Soon we will have a new president” pic.twitter.com/o8I7gKCcnl
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 24, 2023
Руските канали јавуваат на Телеграм дека „војниците на Вагнер влегле во Воронеж и се наоѓаат на периферијата на Краснодар и Волгоград и никој не ѝм дава отпор“.
Во раните утрински часови, група платеници на Вагнер под раководство на Пригожин започнаа вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон. Според нивниот водач, крајната цел е Москва.