четврток, 31 октомври 2024

Генералниот секретар на ОН: Израел може да спроведе етничко чистење во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека Израел би можел да спроведе етничко чистење во Газа доколку меѓународната заедница не заземе решителен став да го спречи тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гутереш го упати својот апел во време кога се зголемуваат цивилните жртви поради израелското бомбардирање на северот на Газа. Во вторникот, во напад во областа Беит Лахија загинаа најмалку 93 лица, што според Обединетите нации е само еден од најмалку седумте „инциденти со масовни жртви“ во Газа во изминатата недела, пишува Гардијан.

Во исто време, испораките на хуманитарна помош за Газа се соопштува дека паднале на најниско ниво од почетокот на конфликтот, што доведе до сè поголеми обвинувања дека вистинската намера на Израел е да го протера преостанатото палестинско население барем од дел на Газа.

Генералниот секретар на ОН, говорејќи на маргините на конференцијата за биодиверзитет КОП16 во Колумбија, посочи дека „етничкото чистење“ во Газа досега е спречено благодарение на одбивањето на луѓето од Газа да попуштат под притисокот да ги напуштат своите домови, како и арапската определба да не прифати масовни преселби на населението.

„Намерата може да биде Палестинците да ја напуштат Газа, за други да ја окупираат. Но, има – и јас оддавам почит на храброста и издржливоста на палестинскиот народ, како и на решителноста на арапскиот свет – обид да се спречи етничкото чистење да стане реалност“, изјави Гутереш за Гардијан.

„Ќе направиме сè што е можно да им помогнеме да останат таму и да го спречиме етничкото чистење што би можело да се случи доколку нема силна одлучност од меѓународната заедница“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ