недела, 20 октомври 2024

Генералниот секретар на ОН: Газа е среде епска хуманитарна катастрофа пред очите на светот

Објавено на

часот

Сподели

„Се водат интензивни преговори за продолжување на примирјето – што силно го поддржуваме – но веруваме дека ни е потребен вистински хуманитарен прекин на огнот“, кажа тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН, со кој претседаваше кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји бидејќи Кина е претседавач на 15-члениот Совет за безбедност на ОН.

Гутереш го извести Советот за спроведувањето на резолуцијата донесена претходно месецов во која се повикува на хуманитарни паузи во борбите за да се овозможи пристап до помош и ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

Обединетите нации ветија испорака на хуманитарна помош на Газа, крајбрежната енклава со 2,3 милиони луѓе, за време на примирјето, но Гутереш кажа дека нивото на помошта „е и понатаму недоволно за да задоволи големи потреби“.

„Народот на Газа е среде епска хуманитарна катастрофа пред очите на светот и не смееме да го свртиме погледот“, кажа тој. Неколку арапски министри за надворешни работи исто така отпатуваа во Њујорк и требаше да се обратат до Советот доцна синоќа. Израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан ги обвини арапските министри дека поддржуваат „терористичка организација чија цел е да го уништи Израел“.

„Примирјето мора да стане прекин на огнот, траен прекин на огнот. Не може да се дозволи продолжување на масакрот“, кажа палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики во Советот за безбедност. „Нашиот народ е соочен со егзистенцијална закана. Не се залажувајте. Со цела приказна за уништување на Израел, на Палестина ѝ се заканува план за нејзино уништување, кое се спроведува среде бел ден“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ