петок, 1 ноември 2024

Генералниот секретар на НАТО: Украина сè уште може да победи, но само со поддршка од НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека „дојде време“ членките на алијансата да преиспитаат некои од ограничувањата за употреба на оружјето што и се доставува на Украина за борба против Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Сојузниците ја снабдуваат Украина со различни видови оружје, некои воведоа ограничувања за употребата на ова оружје, тоа се национални одлуки. Но, мислам дека, со оглед на тоа како се одвива војната, дојде време да се преиспитаат тие ограничувања и да се дозволи Украина навистина да се брани“, рече Столтенберг во Прага на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Украина го повика Западот да ги ублажи тие ограничувања, но државите се повеќе се поделени околу тоа дали да и дозволат на Украина да гаѓа цели на руска територија.

Според Столтенберг, Украина сè уште може да ја победи Русија, „но само со постојана силна поддршка на сојузниците во НАТО“.

Велика Британија, балтичките земји и Данска тврдат дека тоа е дел од легитимната самоодбрана од инвазијата, додека други велат дека оружјето може да се користи само во Украина, изразувајќи стравувања дека нападите врз Русија ќе го вовлечат Западот во конфликтот.

Белгија оваа недела соопшти дека борбените авиони Ф-16 што има намера да ги испорача на Украина може да се користат само во нејзините граници.

Германија издаде слични предупредувања за своите испораки на тешко вооружување, вклучувајќи ги и тенковите Леопард.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ