сабота, 30 ноември 2024

Гена Теодосиевска член на официјалното жири на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Амстердам

На 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) што годинава се одржува од 14-24 ноември, на покана на уметничкиот директор Орва Нирабија, за член на официјалното жири за најдобар холандски филм е поканета новинарката и филмска критичарка од Македонија, Гена Теодосиевска, која редовно ги споделува сознанијата за исклучителноста на холанските филмски документарни продукции.

Објавено на

часот

Сподели

Таа во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија ја иницираше Неделата на современиот холандски филм во 2012 година, а во 2015 година заедно со Маријке Рави во просториите на Амбасадата ја органзираше и учествуваше во туторинг сесиите на пет сценарија на филмски автори од Македонија.
Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските состојби, Теодосиевска беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022-2024 година е назначена за уметнички директор на ИФФ „Киненова“. Како продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венециската филмска Mostra во 2001 година. Во последниве три и пол децении таа е посветен проследувач на филмската уметност, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, и промотор на македонскиот филм на меѓународната сцена.
За член на жири била поканета на повеќе од 30-на меѓународни филмски фестивали. М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, и EWA, а вработена е во МРТ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ