вторник, 3 декември 2024
Светски ден на дијабетесот

Отворено писмо до министерот Таравари: Подобрување на третманот на дијабетесот

Ве повикуваме да го забрзате напредокот кон имплементацијата на глобалната Декларација за дијабетес на СЗО, која покрај целите за поквалитетна грижа за пациентите до 2030 година, ќе ја заштити и менталната и физичката благосостојба на луѓето кои живеат со дијабетес, се вели во отвореното писмо на Баланс MK, асоцијација за детски дијабет на Македонија до министерот за здравство Арбен Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

Писмото го пренесуваме во целост:

Во име на глобалната заедница за дијабетес, Ви пишуваме токму денес, на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, за да Ве поттикнеме да работите на тоа да се даде приоритет на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес. Ова може да се направи преку потпишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите со дијабетес до 2030 година донесена од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната федерација за дијабетес.

Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес. Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40% се недијагностицирани. Во 2021 година, дијабетесот доведе до 2.590 смртни случаи и 113.859.699 американски долари здравствени трошоци во нашата земја.

Дијабетесот влијае и на нашата физичка и на ментална благосостојба. Милиони луѓе со дијабетес се соочуваат со секојдневни предизвици во управувањето со нивната состојба дома, на работа, на училиште, во градинка, додека спортуваме или сме на прошетка или кафе со пријател. Се проценува дека над 1 од 3 лица со дијабетес доживува вознемиреност поврзана со нивната состојба и над 60% од луѓето анкетирани од страна на IDF покажуваат дека стравот од развој на компликации поврзани со дијабетес влијае на нивниот севкупен живот и благосостојба. Сепак, грижата за дијабетесот често се фокусира само на управување со шеќерот во крвта, оставајќи многумина преоптоварени и подложни на исцрпеност и депресија. Потребна е итна акција за да се осигура дека личната благосостојба е приоритет во грижата за дијабетесот.

Декларацијата за дијабетес на Светската здравствена организација (СЗО) има потенцијал да ја подобри благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес преку поттикнување на националните напори за постигнување универзална здравствена покриеност, зајакнување на здравствените системи преку примарна здравствена заштита и намалување на факторите на ризик кои може да се модифицираат. Дополнителните цели за глобално подобрување во третманот на дијабетесот, исто така, можат да придонесат за благосостојба преку обезбедување квалитетна грижа за оние на кои им е потребна. Петте цели за глобално подобрување на третманот на дијабетесот се:

80% од луѓето кои живеат со дијабетес да се дијагностицирани;

80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра гликамиска конторола како единствена превенција од развој на компликации;

80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра контрола на крвниот притисок;

60% од луѓето со дијабетес над 40 години да добиваат освен иновативна соодветна андијабетна терапија и терапија наменета за покачени липиди;

100% од луѓето со дијабетес тип 1 да имаат пристап до инсулин и да спроведуваат самоконтрола користејќи квалитетни глукометри и иновативни технологии (сензори и инсулински пумпи).

Заедно со Меѓународната федерација за дијабетес, го повикуваме Вашето лидерство кое може да го забрза напредокот кон имплементацијата на глобалната Декларација за дијабетес на СЗО, која покрај целите за поквалитетна грижа за пациентите до 2030 година, ќе ја заштити и менталната и физичката благосостојба на луѓето кои живеат со дијабетес.

Во име на заедницата за дијабетес, Ве повикуваме да посветите повеќе напори и ресурси за подобрување на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес во Македонија и во светот. Заедницата за дијабетес смета на вашето лидерство.

Со почит,

Тимот на Инсулинска Порта

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ