недела, 20 октомври 2024

Газа за неколку часа целосно ќе остане без струја

Единствената електрана во Појасот Газа и единствениот сегашен снабдувач на електрична енергија ќе остане без гориво за 10 до 12 часа, според зборовите на претседателот на Палестинската енергетска управа Тафер Мелхем, но со оглед на времето што поминало од изјавата, тоа значи дека централата има гориво за уште три часа, по што Газа ќе остане целосно без струја.

Објавено на

часот

Сподели

Мелхем ги даде коментарите за радиото „Гласот на Палестина“ во услови на „целосна опсада“ што ја спроведува Израел, која се обидува да ги ограничи струјата, храната и водата во целиот Појас Газа.

Израел најави и претстојна копнена офанзива во Газа.

Инаку, синоќа мета беа и две од трите комуникациски кули во регионот и беа уништени од страна на израелските воздухопловни сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ