вторник, 22 октомври 2024
Пред седницата за уставни измени

Гаши, Касами и Меџити побараа утре во Собранието да се расправа за корупцијата и за албанскиот јазик

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши изјави дека за неговата, и партиите на Касами и Меџити, Движењето Беса и Демократското движење,нема дилема дека европската интеграција е највисоката политичка, партиска и национална визија, од која не само што нема алтернатива, туку ваквата заложба, истакна, го подразбира и секој чекор на политичкото дејствување и соработката на трите партии со другите.

Но, додаде, бараат утре на собраниската седница посветена на уставни измени со цел внесување на бугарската заедница, да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува, рече, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата и која, нагласи, е навредлива за Албанците,.

„Денес сме тука за да испратиме наши нарачки до Џафери и пратениците. Бараме од претседателот на Собранието итно да го стави на дневен ред уставниот амандман за јазикот. Бараме од него да не бега од прашањето за рамноправност на албанскиот јазик и да не бега од прашањето за кривична одговорност на државните функционери. Нашето барање делата на корумпираните функционери да не застаруваат, а на тој начин ќе се избегнат и манипулациите со обвинителствата и судовите“; рече Гаши и нагласи дека ги повикуваат сите пратеници безрезервно да гласаат за сите уставни измени.

с

Ако нема 80 гласови за уставни измени, рекоа Гаши, Касами и Меџити, тоа ќе значи дека треба да се оди на избори.

„Доколку утре нема потребно мнозинство за да се изгласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Собранието и да се распишат предвремени избори со цел друг парламентарен состав, со војла на народот и нова политичка волја, да ги поведе интегративните процеси кон Европската Унија“, рече Гаши во името на тројцата опозициски лидери.

На прашањето доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставните измени, дали тогаш ќе се оди на барање за распуштање на парламентот за што се потребни 61 глас.

„;Мнозинството има 61 глас, ако нив им е битно да се започнат преговорите, а во тој контекст нема 80 гласа за уставни измени, тогаш треба да се оди на избори и потоа да се поттурнат процесите“, рече Гаши, оценувајќи дека сепак на власта не ѝ се важни ниту државата, ниту граѓаните.

На прашањето дали трите партии ќе формираат заедничка парламентарна група, Гаши рече дека се разговара за многу прашња, но нагласи дека е најбитно дека се подготвуваат за победа на изборите со заеднички сили.

„Ви трвдам, на изборите ќе дојде до промена кај албанскиот политички блок“, одговори Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ