петок, 18 октомври 2024

„Гардијан“ иронично: Шумуликоски капитен на неделата!

Објавено на

часот

Сподели

Величе Шумуликоски набрзина се здоби со светска слава

Во конкуренција на капитените на Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед, Сити…, нашиот капитен ги доби лаврите, но не поради фудбалските квалитети, туку поради инцидентот во предновогодишната ноќ, кога среде Струга беше приведен за обид за физички напад, а потоа во полициската станица се заканувал дека сите полицајци ќе ги избрка од работа и дека за тоа ќе плати 100.000 евра.

Колумнистот на влијателниот лондонски дневник, Дејвид Хилс, во рубриката „Речено-сторено“, позната како најироничен напис во медиумите на Островот, го вброи нашиот Шуми, меѓу другите, заедно и со Бразилецот Нејмар, Хрватот Влатко Марковиќ – и тоа сите поради некакви вонфудбалски елементи.

Шумуликоски неделава е еден од најпознатите Македонци низ светот, поради неговото каубојско однесување пред Нова година во Струга, настан што го пренесоа сите светски медиуми, некои од нив и на насловните страници.

Иако Европејците го третираат овој случај како глупав инцидент, ФФМ нема намера во брза иднина да спроведе истрага. Игор Климпер, првиот оперативец на куќата на фудбалот соопшти дека ќе чекаат во Скопје да пристигне селекторот Џон Тошак (23 јануари), па дури тогаш да одлучат дали за Шуми ќе има некакви санкции.

Случајот на каубојското однесување на Шумуликоски не е прв во неговата кариера, тој досега има добиено и парична казна од 2.000 евра поради односот спрема новинарот на А1 пред три години, но од Федерацијата не соопштуваат дали и како таа казна е наплатена. Величе е првиот македонски фудбалски репрезентативец во историјата што има проблеми со полицијата поради свој испад.

Селекторот Џон Тошак бараше трпение за резултатите на А-тимот, изјавувајќи дека за да се случи тоа, мора да има атмосфера во селекцијата. Но македонската репрезентација е полигон за расправии, понекогаш и за тепачки (случајот Седлоски – Попов), кои никогаш не биле санкционирани до крај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ