ГАЛЕРИЈА
Дизнилендот стана град на лепрозни споменици (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Центарот на Скопје личи на запуштена паланка. Недоизградени објекти со години, недовршени фасади, валкани улици, тезги оставени уште од Нова година... и запуштени споменици. Милиони дадовме за нив, станавме вистинска Дизниленд-атракција за потсмев, а некои и се гордееја. Тогаш евтино изведени, неквалитетни, сега одмазднички запуштени, лепрозни, грди како од некој хорор-филм.