На синоќешниот натпревар помеѓу Англија и Србија, косовскиот новинар Арлинду Садику покажа двоглав орел во правец на трибините каде беа сместени спрските навивачи, па Фудбалската федерација на Србија испрати протесна нота до УЕФА. и побара одземање на неговата акредитација.
Откако Европската куќа на фудбалот отвори истрага, од таборот на Фудбалската федерација на Косово го возвратија ударот и доставија жалба.
„Фудбалската федерација на Косово ја известува јавноста дека официјално реагираше кај УЕФА поради прикажување на знамиња, слогани, шовинистички и расистички пораки од српските навивачи“ – се вели во известувањето.
„Неразумно и апсурдно е да се прикажуваат такви пораки на голем настан како Европското првенство“.
„ФФК испрати жалба со неопходните докази и бара превземање дисциплински мерки против Фудбалската федерација на Србија“.