петок, 18 октомври 2024

ФСБ: Спречивме атентат на гувернерот на Крим. Планираа да му го разнесат автомобилот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Човекот наводно планирал да го разнесе автомобилот на Аксјонов, но бил фатен додека ја извлекувал бомбата од скривалиште. ФСБ отвори кривична постапка според членовите за обид за терористички напад и нелегално набавување на експлозиви. Тие тврдат дека осомничениот го признал делото, пренесува руската државна новинска агенција РИА.

Во мај, исто така, имаше извештаи за спречена серија терористички напади на Крим насочени, меѓу другите, на Аксјонов, на претседателот на парламентот Владимир Константинов и на градоначалничката на Јалта, Јанина Павленко. ФСБ тогаш го обвини Роман Машовец, заменик-шефот на кабинетот на Володомир Зеленски, дека е директен организатор на терористичките напади.

ФСБ објави и видео од сослушувањето во кое уапсениот признава дека планирал да го разнесе автомобилот во време кога поминувала поворката на Аксонов. „Во декември 2022 година бев регрутиран од специјалната служба на Украина и кураторот Игор, добив повик и на полигон поминав обука за субверзивна работа, маскирање, избегнување прогон и слично“, вели осомничениот.

 

 

„Добив задача да одам на Крим, во Симферопол. За почеток, требаше да изнајмам куќа, да купам телефон, да се вработам. Секој ден контактирав со Игор, чекајќи дополнителни инструкции. Ја чекав адресата каде беше лоциран автомобилот за да поставам мина таму, за подоцна да можев да го поставам овој автомобил на улицата Севастополскаја за да ја разнесам поворката на Сергеј Аксјонов Валериевич“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ