петок, 18 октомври 2024

Француски новинар убиен во Сирија

Објавено на

часот

Сподели

Тој отпатувал во градот со посебна владина дозвола, изјави каналот Франција 2.
Сириската телевизија објави дека Жак бил еден од осумтемина убиени. Еден негов колега изјави дека неколку минути претходно интервјуирале луѓе на провладин митинг.
Францускиот министер за надворешни работи Алан Жуп повика на разјаснување на инцидентот. „Енергично го осудуваме овој одвратен акт“, изјави тој.
Сириските власти ригорозно го ограничија пристапот за странските новинари од почетокот на немирите минатиот март. Според Обединетите нации, во немирите досега загинале повеќе од 5.000 луѓе. Според тврдењата на Владата, повеќе од 2.000 безбедносни лица загинале борејќи се против „вооружените банди и терористи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ