сабота, 19 октомври 2024

Француски демонстранти го исвиркаа Макрон и побараа да даде оставка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пред фабриката која ја посети во источниот регион Алзас, Макрон го дочекаа непријателски транспаренти и тропање со тенџериња. Работници организирани од синдикатите накратко ја исклучија струјата во фабриката.

Додека минуваше низ толпата во блиското село, многумина извикуваа „Макрон, дај оставка!“, а еден маж му кажа: „Не ја сакаме оваа пензиска реформа, што не ти е јасно?“

Друг му дофрли дека води корумпирана влада и порача: „Наскоро ќе паднете. Чекај и ќе видиш“. Сепак, имаше и негови поддржувачи кои му се заблагодаруваа за работата и бараа селфи со него.

Меѓутоа, дури и во областа која му е наклонета и гласаше над просекот за него на претседателските избори во 2022, тој беше дочекан главно негативно.

Макрон минатиот викенд го потпиша законот за зголемување на возраста за заминување во пензија според кој граѓаните мора да работат до 64 години, наместо досегашните 62, за да стекнат пензија.

Поради тоа веќе три месеци траат протестите во кои учествуваат огромен број луѓе, а понекогаш се и насилни. Според анкетите, големо мнозинство Французи се против реформата.

Во селото Селестат францускиот претседател кажа дека го сфаќа изразувањето незадоволство, но дека „земјата мора да оди напред“. Претходно за време на посетата на фабриката кажа дека не е возможно да ги слуша само најгласните и ги истакна позитивните аспекти на француското работно законодавство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ