Во соопштението на француското Министерство се наведува дека одлуката е донесена поради тоа што амбасадата „не е во можност да извршува мисии поради блокади, ограничувања на патувањето и протерување на дипломатскиот персонал“ и се додава дека тоа е „очигледно“ кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.
„Амбасадата ќе ги продолжи активностите од Париз. Тие ќе одржуваат контакт со француските граѓани што се на лице место, како и со хуманитарните невладини организации, кои ќе продолжиме да ги финансираме“, соопшти француското МНР.
Кон крајот на јули 2023 година, воената хунта ја презеде власта со државен удар во Нигер, откако го собори демократски избраниот претседател Мохамед Базум.
Недолго потоа, новата влада во Ниамеј почна да презема чекори за отповикување на претходните договори со западните земји, вклучително и военото партнерство на сахарската држава со Европската Унија.
На овој начин, воената хунта на Нигер ја повлече дозволата за спроведување на програмата на ЕУ, која имаше цел зајакнување на безбедносните сили на Нигер, и побара заминување на француските војници што ѝ помагаа на таа земја во конфликтите со исламистичките борци.