петок, 18 октомври 2024

Франција ангажира 90.000 полицајци за новогодишната ноќ

Во Франција за новогодишната ноќ ќе бидат распоредени 90.000 полицајци поради засилени безбедносни мерки, изјави шефицата на разузнавачката служба Селин Бертон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, 6.000 ќе бидат во Париз, каде, според францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, се очекуваат над 1,5 милиони луѓе на Шанзелизе.

Дарманин на прес-конференцијата рече дека постои „многу висока терористичка закана“ делумно поради она што „се случува во Израел и Палестина“.

Тој додаде дека полицијата за прв пат ќе може да користи беспилотни летала за безбедносни цели и дека ќе бидат ангажирани десетици илјади пожарникари и 5.000 војници.

Европските безбедносни претставници предупредија на зголемен ризик од напади на исламисти радикализирани од војната меѓу Израел и Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ