Американската амбасада ги повика своите граѓани во Либан да ја напуштат земјата со првиот достапен лет, бидејќи постои ризик од затворање на воздушниот простор и аеродромите поради растечките тензии со Израел, пренесува Си-ен-ен.
Ваквиот повик следуваше по сличниот повик на Велика Британија, во кој се наведува дека регионалната ситуација наскоро би можела да ескалира.
Денеска Франција ги повика своите граѓани кои живеат во Иран „привремено да ја напуштат земјата“ доколку можат, претходно таков повик упати и до граѓаните кои се во Иран, пренесе Франс прес.
„Уште еднаш ги повикуваме граѓаните да бидат крајно внимателни при патувањето, да избегнуваат секакви собири и да бидат информирани за актуелните настани и какви било пораки или инструкции од француската амбасада во Иран во наредните денови“, се наведува во туристичкиот водич.
Франција и САД се претпазливи од воена ескалација меѓу Иран и неговите сојузници од една страна и Израел од друга страна, по атентатот на лидерот на палестинската група Хамас, Исмаил Ханија.