недела, 21 јули 2024

Фотографија и лице за историјата на Америка

Објавено на

часот

Сподели

Во тој дел од секундата во затворот во Атланта во Џорџија во четвртокот, беше забележана пресвртница во американскиот живот. За првпат е фотографиран поранешен претседател на Соединетите Американски Држави во кадар кој, како што пишува Асошиејтед прес, често се поврзува со нарко-дилери или пијани возачи.

Во историскиот момент, Доналд Трамп стана првиот поранешен претседател на САД на кого му е направена идентификациска полициска фотографија, која веднаш беше и објавена.

„Тоа засекогаш ќе биде дел од иконографијата на животот во ова време“, кажа за АП Марти Каплан, професор на Аненберг школата за комуникација на Универзитетот на Јужна Каролина.

Трамп во четвртокот стигна во затворот во Атланта, се предаде, беше фотографиран и земени му се отпечатоци од прстите во рамки на опсежната кривична постапка за наводниот обид на поранешниот американски претседател да го поништи изборниот пораз во Џорџија во 2020 година.

Трамп кој се соочува со обвиненијата им е веќе познат н Американците кои го гледаа како стои пред судијата во судницата во Њујорк или ги видоа скиците од сојузните судови во Мајами и Вашингтон, каде камери не се дозволени.

Меѓутоа, ова е првпат да биде фотографиран а полициската фотографија, и сè што таа претставува, носи дополнителен емотивен и културен удар.

„Обвинението е некој вид безличен збор. А зборовите се бледникави во споредба со фотографиите“, вели Каплан. „Полициската фотографија е жанр. Нејзиниот кадар гласи – ова е елен фатен пред фаровите на автомобилот. Ова е крадец фатен во замка. Тоа е од на срамот“.

Некои од другите 18 обвинети заедно со него во Џорџија се насмеале на своите полициски фотографии како да позираат за табло. Не и Трамп. Неговиот пркос е очигледен, како низ објективот да гледа во својот најголем непријател, наведува АП.

„Тоа не е пријатно чувство, особено кога не сте направиле ништо лошо“, кажа тој подоцна за Фокс њуз.

трамп

Сепак, АП истакнува дека е малку веројатно дека Трамп ќе се срами од својата полициска фотографија додека настојува да го освои вториот мандат во Белата куќа и се соочува со кривични обвиненија во четири јурисдикции.

Како и скоро сè што прави Трамп, неговото предавање во четвртокот беше режирано како спектакл. Внимателно беше испланирано времето за да има максимална покриеност во вестите на кабловските канали. Новинарите цел ден по жештината чекаа пред затворот, а поддржувачите на Трамп се собраа за протести. Додека политичарите обично се обидуваат да го пренасочат вниманието од нивните правни проблеми, Трамп тоа го прифати со две раце.

Со месеци пред да биде фотографиран во Џорџија, неговата кампања ја користеше можноста за полициската фотографија како прилика за собирање средства. За 36 долари секој може да купи маица со лажна полициска фотографија на Трамп и натписот „невин“. Достапни се десетици слични дизајни за купување преку интернет.

Само неколку минути по објавувањето на полициската фотографија, Трамповата кампања ја користеше во апел за собирање средства на својата веб страница. „Важна вест: полициската фотографија е тука“, се наведува во насловот на најновиот мејл за собирање средства. Во мејлот стои и дека: „Оваа полициска фотографија засекогаш ќе остане запаметена во историјата како симбол на американскиот отпор на тиранијата“.

Погрешно е да се претпостави дека предавањето и фотографирањето на Трамп во затворот во четвртокот политички ќе му наштетат. Наместо тоа, веројатно е дека само уште подлабоко ќе ја утврди поддршката на оние кои го поддржуваат Трамп и веруваат дека тој се соочува со прогон.

Како кандидат и претседател, Трамп политиката на незадоволство, чувството на прогон и неправда, го направи централен дел на својата политичка личност, пишува британски Гардијан и додава дека и покрај спектаклот на неговото предавање и фотографијата, најважниот развој на настаните нема да биде ни во затворот ни во судницата.

Трамп според истражувањата е во убедливо водство за републиканската номинација за претседател, потсетува весникот, и истакнува дека за време на првата републиканска дебата во средата, во која тој не учествуваше, на прашањето дали би го подржале Трамп ако ја освои кандидатурата речиси сите кандидати одговорија потврдно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ