понеделник, 25 ноември 2024

Фон дер Лајен: Работам да се отворат преговорите на земјата со ЕУ, но треба да се разработат и уставните измени

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ги вложуваат сите напори со цел земјава да ги отвори преговорите за првиот кластер „Темели“, но додаде дека потребни да се разработат и уставните измени.

Објавено на

часот

Сподели

Фон дер Лајен на новинарско прашање за тоа дали смета дека условувањата кон земјава за уставни измени се диксриминирачки, но и дали уставните измени со одложено дејство се прифатливи рече дека ЕУ ќе ѝ помогне на Македонија да ја спроведе преземената обврска на секој дел од патот.

„Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската што Северна Македонија ја презеде како суверена земја на секој дел од патот. За мене е мошне важно тоа што имаме јасна цел. Работам колку што можам за да можеме да ги отвориме преговорите за кластерот ‘Темели’. Тоа е нашата краткорочна цел засега и уставните промени треба да се разработат. За мене тоа е важно, важно е, и е во интерес на Северна Македонија да бидеме успешни.  Затоа сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот, за да стигнеме до заедничката цел. Може да сметате на нас. И мене ми е навистина важно, да не се вртиме многу наназад, туку да гледаме кон иднината. Сакаме да го пишуваме заедно наредното поглавје од нашата заедничка иднина“ , рече претседателката на ЕК.

Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор. Таа оддаде почит и на стопроцентата усогласеност на земјава со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и за поддршката на Украина, и се осврна на придобивките од Планот за раст на Западен Балкан.

„Тоа е нашиот заеднички патоказ да ги приближиме економиите на ЗБ до нашите и постепено да ги интегрираме нашите економии. Мина веќе една година откако го почнавме ова, и морам да кажам дека земјите од ЗБ  ги испорачаа своите резултати, ја имааат агендата за реформи, исто и Северна Македонија. Северна Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да почнеме со 52 милиони евра до крајот на годината, а треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според Планот за раст“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа нагласи дека Планот за раст ќе испорача мошне конкретни резултати за луѓето и за бизнисите, наведувајќи дека земјата е на добар пат да стане дел од т.н зона на единствено плаќање во ЕУ, што ќе овозможи преносот на парите меѓу Македонија и ЕУ да се движи побрзо, побезбедно и слободно.

Фон дер Лајен се осврна и на Заедничкиот инвестициски фонд за Западен Балкан, иницијатива која е воспоставена пред четири години и преку која во земјата се мобилизирани 1,7 милијарди евра во инвестиции со фокус на транзицијата кон чиста енергија. Таа нагласи дека една четвртина од производството на енергија во земјава отпаѓа на обновливи извори на енергија, а целта е тоа да се зголеми. Во таа насока ги посочи инвестициите во Осломеј и термоелектраната РЕК Битола, кои треба да работат на соларна енергија, ветерниот парк во Богданци, како и во чист транспорт за подобра поврзаност меѓу регионот и Европа, односно во железничтаа инфратсруктура.

„Ова навистина го вклучува мошне важниот проект за железничкиот Коридор 8, со кој се поврзувате со Албанија и Бугарија, а го имаме и Коридорот 10 којшто минува од Грција кон Будимпешта и минува низ целата ваша земја. Овие инвес ќе ја претворат СМ во клучлен транспортен центар и тоа ќе донесе серизони придобивки за луѓето“, вели Фон дер Лајен.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ