петок, 18 октомври 2024

Фишер го урна шампионот

Објавено на

часот

Сподели

Гостите, сепак, имаа шут за победа, но Вин Картер не успеа да погоди. Фишер, кој кога беше најпотребно, ја погоди единствената тројка за својот тим (1/10), мечот го заврши со 13 поени додека Коби Брајант постигна еден повеќе. Гостите од Тексас исто така имаа лош процент за три поени (4/26), а во лошиот шут од далечина предничеше Џејсон Кид, кој ги промаши сите осум удари за тројка. Дирк Новицки со 21 поен беше најдобар кај Далас, но тоа беше премалку за триумф на шампионот.

Кошаркарите на Бостон селтикс продолжуваат со лошите игри и во мечот со Оклахома тандерс (88-97) го претрпеа петтиот пораз по ред, што одамна им се нема случено. За „громовите“ тоа беше седма победа по ред, со што дојдоа до скор 12-2, кој е најдобар во НБА-лигата во моментов.

Без Дерик Роуз во составот, екипата на Чикаго булс е сосема поинаква. Пред две недели „биковите“ со 40 поени разлика го совладаа Милвоки бакс, но синоќа, без помошта на првата ѕвезда, кој има проблеми со стапалото, тие загубија со 86-102. Тоа беше само трет неуспех за Чикаго сезонава заедно со 12 победи.

РЕЗУЛТАТИ: Мемфис – Чикаго 102-86, Њујорк – Орландо 93-102, Филаделфија – Милвоки 94-82, Шарлот – Кливленд 94-102, Њу Орлеанс – Портланд 77-84, Клиперс – Њу Џерси 101-91, Атланта – Торонто 93-84, Бостон – Оклахома 88-97, Минесота – Сакраменто 99-86, Лејкерс – Далас 73-70

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ