Како што информираат од продукциската куќа, филмот се прикажа на четвртото издание на филмскиот фестивал за независни филмови што се одржа во Џакарта, Индонезија од 25 до 29 октомври, и на седмото издание на фестивалот „Петит план – Европа”, што се одржа во францускиот културен центар и Гете-институтот во Атина, Грција од 16 до 20 октомври.
„Шеќерни луѓе” е во официјална селекција и на 19-то издание на меѓународниот фестивал за жени во филм и телевизија што се одржува во Мексико сити, Мексико од 1 до 5 ноември, на 21-то издание на филмскиот фестивал „Меѓународно село”, во Апорија, Јужна Кореa од 2 до 6 ноември, на 16-то издание на меѓународниот фестивал Internacional de Cine de Oriente (FICO) од 3 до 6 ноември што се одржува во Гуатапе, во регионот Антиокија во Колумбија, на 35-то издание на филмскиот фестивал во Жирона, во Каталонија, во Шпанија од 6 до 12 ноември, на 4-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Портрет”, што се одржува во Софија, Бугарија од 9 до 19 ноември, каде филмот ќе има две проекции (во Софија и во Пловдив).
Филмот на Диневски ќе биде прикажан и на 10-то издание на филмскиот фестивал за кратки филмови во Гоа, Индија што се одржува од 20 до 28 ноември, на 7-то издание на филмскиот фестивал „Синалфама” во Лисабон, Португалија каде филмот е номиниран за најдобра актерска игра за Сара Климоска, на 17-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Први кадар“ кој ќе се одржи од 20 до 24 ноември во источно Сараево и Зворник, Република Српска, Босна и Херцеговина, соопштија од „Сузи кју продукција“.
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе” е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи кју продукција“, во кои главните улоги ги играат: Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески. Монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски. Трејлерот за филмот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски, а автор на музиката компонирана за филмот е Дуке Бојаџиев.