Основан во 2005 година, Филмскиот фестивал „Слободна зона“ отвори простор за дебата, промоција, испрашување и разбирање на човековите права и сродните прашања, општествените појави и проблеми во светот и регионот. Од самиот почеток, ја поттикнува публиката да ги преиспитува своите вредности, предрасуди и поделба на одговорностите во општествениот и културниот контекст во кој живеат. Фестивалот прикажува во просек од 30 до 40 играни и документарни ангажирани филмови од целиот свет наградени на престижни светски фестивали.
Од 2013 година фестивалот се организира истовремено во: Белград, Нови Сад, и Ниш, филмовите се прикажуваат во 10 кино сали, а официјалното отворање се одржува паралелно во сите три града пред илјадници гледачи. Фестивалот е дел од една поширока иницијатива која трае во текот на целата година и вклучува фестивалска турнеја во 50 градови во Србија и едукативни програми.
Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.
Актерската екипа ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.
Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.
Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.