среда, 23 октомври 2024

Филков и Пандов се договорија да ги подобрат условите во затворите

Во казнено поправните установи треба да се подобрат состојбите, да се спречи корупцијата, насилството и соодветен третман на осудените лица. За ова на денешната средба се договорија министерот за правда Игор Филков и в.д директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

Објавено на

часот

Сподели

Договорено е во наредниот период да се интензивира реализацијата на проектот за реконструкција на казнено-поправните установи кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Советот на Европа.
Успешната реализација на проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор, соопшти Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ