вторник, 26 ноември 2024

Филипче: Слободата, за жал, ја цениме само откако ќе ја изгубиме

Лажните анкети нарачани од ВМРО-ДПМНЕ и објавени на јавниот сервис МРТВ се доказ дека партијата воопшто не е сменета и дејствува во насока на загрозување на слободата и демократијата. Ова го истакна неврохирургот д-р Венко Филипче при посетата на Радовиш како носител на листата на СДСМ во Изборната единица 4.

Објавено на

часот

Сподели

Начинот на кој функционира ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е променет и потсетува на најлошите, најтемните времиња од режимот на Никола Груевски, додаде д-р Филипче.

„Слободата и демократија, за жал, почнуваме да ги цениме само откако ќе ги изгубиме. И тоа е разбирливо, граѓаните се соочуваат со дневни реални проблеми кои им се приоритет. Но, без слободата и економијата, нема ни слободна економија, ни слободни компании, ни слободни работници, ни слободни земјоделци. Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме”, истакна Филипче.

Тој изрази загриженост за иднината на државата, доколку повторно се задуши демократијата и слободата на медиумите, кое ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го направи и додека е во опозиција.

„Слободата е повторно под закана. Скандалот за спрегата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и државната телевизија МТВ, укажува на тоа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило. Според обемот на скандалот, не само што ништо не се сменило, туку ВМРО-ДПМНЕ применува уште пострашна форма на пропаганда од најславните денови на груевизмот”, истакна д-р Филипче.

Токму затоа, потенцира д-р Филипче, 8 мај е денот кога граѓаните треба одлучно да застанат на страната на слободата и демократијата, вредности кои СДСМ веќе седум години успешно ги промовира и коишто се единствениот начин за граѓаните и државата да живеат во просперитетна и европска иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ