петок, 18 октомври 2024

Филипче: Кризата од изборите е минато, СДСМ се враќа во форма

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека партијата се враќа во форма и дека кризата од изборите е минато. Тој нагласи дека изминатиот период има постојани средби со членови од партијата и оние коишто се активни, и оние коишто се незадоволни од одредени состојби.

Објавено на

часот

Сподели

Филипче најави дека во текот на летово ќе се формираат работни групи од кои дел ќе бидат сите членови на партијата без разлика дали се во моментов дел од партиските органи. Ќе почнат и подготовките за избор на нови делегати за конгресот на партијата, а тој процес Филипче очекува да заврши до октомври.

Партијата, како што кажа, ќе подготвува нова стратегија за СДСМ, документ што ќе се работи под негово претседателство и со којшто ќе се афирмираат социјалдемократските вредности.

Пратеничката група на СДСМ, како што рече Филипче, изготвила амандмани во однос на ребалансот на Буџетот за кој денеска почна расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет и додаде дека тие ќе се однесуваат на пронаоѓање на пари за оние на коишто во моментов им недостасуваат, а посебен акцент ќе се стави на можностите за зголемување на платите на работниците.

Претседателот на СДСМ ја повика Владата што е можно поскоро во Собранието да го достави предлог-законот за заемот од Унгарија, за кој што кажа дека има многу нејаснотии и оти прв пат во историјата се задолжуваме со билатерален заем наместо државата да прибегне кон меѓународните инструменти, кои, како што рече, имаат прецизен контролен механизам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ