„Кога ќе се обединиме повторно околу идеалите и тоа јасно и јавно ќе го кажеме, јас сум сигурен дека ќе победиме на изборите. Ние сме најдобрата опција којашто граѓаните може да ја добијат на овие избори“, рече Филипче.
Тој ги повика да дадат поддршка на секој еден граѓанин на кој тоа му е потребно и да не остават ниту една група на граѓани неискомуницирана.
„Треба да го правиме тоа што сме го правеле секогаш, а тоа е да комуницираме со луѓето, да не оставиме ниту еден граѓанин неслушнат, ниту една група на граѓани неискомуницирана“, рече Филипче при вчерашната посета на Струмица.