четврток, 31 октомври 2024

Филипче: Ги знам проблемите и имам решенија на граѓаните од четвртата изборна единица

Јас сум присутен насекаде во државата посебно во регионот на Изборната единица 4. Изминатиот период комуницирам со многу луѓе од тој регион, имам познавање и за потребите и за можните решенија на нивните проблеми, истакна Венко Филипче во телевизиско интервју по речиси две и пол години откако ја напушти функцијата министер за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

„Пратеникот треба да ги застапува сите граѓани, не само граѓаните од неговата изборна единица, понатаму и во Парламентот“, рече Филипче.

„Дополнително и нешто што е интересно и не знам дали многу луѓе во јавноста го знаат, е дека јас имам потекло од тој регион. Моите две баби и по мајка и по татко по потекло се од Кавадарци, така што најголем процент од моето потекло е практично од тој регион. И за тоа ме врзуваат дури и некои спомени од детството. Така што ете, уште една дополнителна причина“, додаде Филипче за 360 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ