понеделник, 25 ноември 2024

Филипче бара Мицкоски да ги сподели информациите за дестабилизација на земјата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го повика премиерот Христијан Мицкоски доколку поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите итно да ги сподели со надлежните институции.

Објавено на

часот

Сподели

„Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес. Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи. Како претседател на СДСМ која е одговорна партија, секогаш се спротиставувам на какви било форми на дестабилизација. Исто така, не смее да се дозволи ниту манипулации со чувствата на граѓаните и предизвикување состојба на тензија, без конкретна акција од страна на државата“, напиша Филипче на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ