недела, 20 октомври 2024

Фицо: Планот на Зеленски може да предизвика трета светска војна, влегувањето на Украина во НАТО е лоша идеја

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека „планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски е „контроверзен“ и изрази уверување дека членството на Украина во НАТО не е добра идеја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фицо повтори дека го поддржува членството на Украина во Европската Унија, но дека смета дека членството на таа земја во НАТО, што е една од точките на планот на Зеленски, би можело да предизвика трета светска војна, пренесува Ројтерс.

„ИМ кажав на сите лидери на ЕУ, во присуство на претседателот Зеленски, дека филозофијата на владата која ја предводам и понатаму е актуелна и дека сакаме да се фокусираме на смислена и рационална соработка со Украина, чиј резултат не би требало да биде убивањето, туку пружањето помош на луѓето кои име е потребна“, кажа Фицо.

Според него, планот на Зеленски е контроверзен и создава поделби меѓу земјите, што е причината зошто Европскиот совет не усвои јасен став по тоа прашање.

Тој додаде и дека не ги сака предлозите кои разгоруваат отворена дебата, како што се приемот на Украина во НАТО и испораката на ракети кои имаат дострел за гаѓање цели во Русија. кажа дека четврта заедничка седница на украинската и словачката влада би требало да се одржи во јануари или февруари во Словачка.

Зборувајќи за самитот на ЕУ, Фицо кажа дека на агендата биле три главни прашања: развој на ситуацијата во Украина, кризата на Блискиот Исток и миграциите. Лидерите на ЕУ успеаја да заземат покохерентен став за блискоисточната криза и интензивно се фокусираа на прашањата на миграциите.

Тој наведе дека покрај Украина, лидерите разговарале за случувањата на Блискиот Исток, а дека најголемиот дел од разговорите бил посветен на нерегуларните миграции.

Фицо изрази жалење што не се разговарало за прекин на огнот и примирје во Украина, укажувајќи дека на самитот бил сосема спротивен случај кога се разговарало за Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ