четврток, 24 октомври 2024

Фицо: Ако Киев ја сопре руската нафта, ќе остане без нашиот дизел

Словачкиот преработувач на нафта Словнафт ќе престане да ѝ испорачува дизел гориво на Украина ако Киев не ја укине забраната за транзит на руската нафта, кажа словачкиот премиер Роберт Фицо во видео-порака објавена на Фејсбук.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Братислава нема да го смени своето гледање на конфликтот во Украина бидејќи Киев го блокира транзитот на нафта од руската компанија Лукоил.

Дотокот на нафта на компанијата Лукоил во Словачка и Унгарија преку Украина прекина откако Киев ја стави таа компанија на листата на санкционирани минатата недела. Будимпешта потегот го нарече „уцена на двете земји кои се залагаат за мир“, пренесоа претходно унгарските медиуми.

„Ќе кажам многу отворено, дури ни проблемот со транзитот на руска нафта низ Украина не може да го смени нашиот став за конфликтот кој треба да се реши со мировни преговори, а не да се продолжува вештачки со нереалната цел да се турне Русија на колена, и со вистинската цел да се донаполнат џебовите на произведувачите на оружје“, кажа Фицо.

Словачката агенција ТАСР претходно пренесе дека Фицо разговарал телефонски со својот украински колега Денис Шмихал околу транзитот на руската нафта низ Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ