недела, 24 ноември 2024

Фиат повеќе не е најпродавана марка во Италија

Можеби звучи чудно, но Фиат повеќе не е омилена марка на италијанските возачи веќе трет месец по ред.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи многу, бидејќи оние кои ја посетиле Италија знаат дека претходно се чинеше како на секој ќош да има само модели на Фиат. Марката имаше позиција како Фолксваген во Германија.

Историскиот пад од тронот, кој почна во август, е потврден со податоците за нови регистрации во Италија во октомври: Фиат е на трето место, зад Фолксваген и Тојота.

Минатиот месец се регистрирани 10.928 фолксвагени, 10.630 тојоти, и 9.194 фиати. Тоа е значајно, бидејќи во истиот месец во 2023 Фиат регистрирал речиси двојно повеќе возила од овие две марки.

Кумулативно од почетокот на 2024 година, Фиат и понатаму е на врвот на ранг листата според бројот на регистрации со 128.875 автомобили, додека Тојота бележи 102.480 возила, а Фолксваген 100.307 примероци.

За Фиат тоа значи пад од 13,9 отсто во првите девет месеци на 2024, додека Тојота и Фолксваген оствариле раст од 25,84 отсто и -2,56 отсто во споредба со минатата година. Апсолутната промена на врвот веројатно нема да важи за целата 2024, но можно е разликата меѓу Фиат и Тојота до крајот на годината и понатаму да се намалува.

Постојат неколку причини за оваа историска промена во рангирањето, а првата е преодната фаза низ која минува Фиат, кој се прости од неколку важни модели и сè уште не почнал целосно да ги промовира новите.

Пример за тоа е фиат 500, чие производство во Полска прекина летоска и чии залихи се намалуваат, како и фиат 600, кој дури сега настапува на пазарот со благо хибридни мотори.

Новиот фиат 500 со благо хибриден мотор нема да биде достапен барем до крајот на 2025 година, додека за електричниот нема побарувачка како што се очекувало.

Покрај тоа, тука се и големите очекувања за фиат гранде панда, кој сè уште не е достапен во Италија, како и големиот пад на регистрациите на моделите 500Х и типо, кои сега се веќе речиси десет години стари.

Добрите продажни резултати на Тојота во Италија се резултат на хибридната понуда која е многу популарна кај младите возачи, додека Фолксваген сè уште се потпира на успехот на своите кросовер модели, како и моделите голф и поло, кои и понатаму наоѓаат доста купувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ