петок, 18 октомври 2024

ФФМ се испофали со Тошак, заборави на Првата лига

Објавено на

часот

Сподели

Интервјуто со Тошак на главната страница на ФФМ

Интервјуто со Џон Тошак на интернет-страницата на ФИФА, ФФМ го објави на својата страница ffm.com.mk и тоа е најдолгиот текст што куќата на фудбалот кога било го објавила на Интернет. Повод на текстот беше изборот на Велс за тим со најголем напредок, па нормално за оваа награда вниманието на ФИФА беше насочено кон Тошак, кој е икона на фудбалот во Велс. И додека ФФМ се фалеше со Тошак и со успехот на клупата на националниот тим да седне едно големо име, со кое ќе треба да тргне и ренесансата на националниот тим, нашата куќа на фудбалот заборави на прволигашкиот фудбал, освен на штурата информација дека се враќаат неделните термини.

Светската федерација за статистика и историја (ИФФХС), која е меѓународно признаена како релевантна во фудбалскиот свет, ја стави Првата лига на Македонија на 54. место, што е трет најдобар пласман во историјата на рангирањето и за околу 20 места подобро од лани. Но за ваква информација, од ФФМ немаше абер, па оттаму ни ред за тоа.

И навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар имаат право да реагираат, затоа што нивниот миленик, шесткратен првак и куп-победник се најде на насловната страница на uefa.com, а ФФМ и тоа успеа да го промаши и да не објави ниту еден ред.

Шанса да се најде на насловните на двете главни фудбалски федерации со вакви презентации и промоции Македонија добива еднаш годишно.

Н.Б.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ