петок, 18 октомври 2024

ФФМ чека јавноста да го заборави Величе, па да реагира

Објавено на

часот

Сподели

Игор Климпер, првиот оперативец на ФФМ, на вчерашниот брифинг соопшти дека ќе чекаат во Скопје да пристигне селекторот Џон Тошак (23 јануари), па дури тогаш да одлучат дали за Шуми ќе има некакви санкции.

„Мислам дека е во ред Тошак да дојде, да разговараме со него за овој случај, па потоа да го контактираме и Шумуликоски, кој исто така треба да ја каже и својата страна од целиот настан“, рече Климпер.

Случајот на каубојското однесување на Шумуликоски не е првпат во неговата кариера, тој досега има добиено и парична казна од 2.000 евра поради односот спрема новинарот на А1 пред три години, но од Федерацијата не соопштуваат дали и како таа казна е наплатена. Величе е првиот македонски фудбалски репрезентативец во историјата што има проблеми со полицијата поради свој испад.

Селекторот Џон Тошак бараше трпение за резултатите на А-тимот, изјавувајќи дека за да се случи тоа, мора да има атмосфера во селекцијата. Но македонската репрезентација е полигон за расправии, понекогаш и за тепачки (случајот Седлоски – Попов), кои никогаш не биле санкционирани до крај.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ