понеделник, 21 октомври 2024
Одлуката е во Собранието

Фетаи, Раичевиќ или Коцевски државен обвинител? Владата бара мислење од Советот на јавни обвинители

Владата на денешната седница донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители  со барање за писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на главен државен јавен обвинител. На огласот се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Советот на јавните обвинители, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.

На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува на 25 декември.

Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител на Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.

Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ