вторник, 22 октомври 2024

Фатени двајца крадци кои влегувале по викендици

Двајца прилепчани биле приведени, откако кај нив, надлежните пронашле одземени предмети од викендица и фалсификувани бакноти, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 17.50 часот вчера во Градско, близу локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода Н.А., на возраст од 32 години и Е.С., 40-годишно лице. Тие одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С., на возраст од 61 година од Скопје. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед, кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти“, појаснуваат од МВР.

Н.А. и Е.С. биле задржани во полициска станица. Јавен обвинител бил известен и по документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ