недела, 20 октомври 2024

Фатен малолетник осомничен за тешка кражба во Автокоманда

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот е осомничен дека кривичното дело го извршил заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 8 мај 2023 на паркинг во Автокоманда, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.

„Тој е приведен во полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело“, наведува МВР.

Во изминатиот период службени разговори биле извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ