понеделник, 28 октомври 2024

Фатен бегалец од затвор баран со потерница

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 16:30 часот во Кавадрци го лишиле од слобода Ш.Ј.(32) од Велес, кој бил баран со потерница по бегство од затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна и бил спроведен во установата за доиздржување на казната. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ