сабота, 19 октомври 2024

Фанатици во Таџикистан убиле Дедо Мраз!

Објавено на

часот

Сподели

Таџекистанска полиција

Како што јавува агенцијата „Итар-тас“, несреќното момче Парвиз Давлатбеков сакало да ги изненади пријателите и облечено како Дедо Мраз да им ја честита Новата година, но тројцата напаѓачи го изболе со нож на улица велејќи му „Неверник“.

Официјални извори од Министерството за внатрешни работи на Таџикистан потврдиле дека се случило злосторство, но негирале дека тоа е сторено на верска основа.

Полицијата уапсила еден од сторителите, за кој е соопштено дека е студент на државниот универзитет.

Локалните медиуми пренесуваат дека во последните неколку дена се водела полемика меѓу приврзаниците и противниците на прославата на Нова година во Таџикистан, земја во која 98 отсто од околу осум милиони жители се муслимани.

Според наводите на медиумите, масло на огнот додал врховниот муфтија на тамошната исламска заедница, Саидмукарам Абдукодирзод, кој јавно се спротивставил на славењето Нова година.

„Традицијата на христијанската грегоријанска Нова година е непозната култура за Таџикистан и е во спротивност со законите на исламот. Муслиманите мора да се придржуваат кон своите обичаи, а украсувањето на елката не е дел од нашата култура“, изјавил врховниот муфтија непосредно пред празникот, за „Би-би-си“ на руски јазик.

Тој, исто така, го осудил консумирањето алкохол како составен дел на новогодишната прослава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ